Пуканките се омилен оброк кај многу деца и возрасни. Некои родители сами им нудат пуканки на своите малечки, додека други едноставно го игнорираат моментот кога нивното дете ја става потенцијалната опасност во устата. Иако оваа храна може да изгледа невина, излегува дека може да доведе до ризик кај деца под 4 години.
Додека многу родители се свесни за опасностите како што се гушење со мали играчки или желе бонбони, проблемите поврзани со пуканките сѐ уште не се познати за многу мајки и татковци. Нема да верувате колку често на малите им е потребна лекарска помош или операција за отстранување на пуканки што им навлегле во белите дробови по гушењето. Опасноста од блокада во душникот бледи во споредба со другата варијанта и може да предизвикува треска, кашлица и внатрешна инфекција.
Зошто е опасно да се јадат пуканки под 4 годишна возраст?
Само после 4-годишна возраст децата можат целосно и правилно да ја џвакаат храната што ја консумираат. Ова е исто така затоа што на оваа возраст нивните катници се целосно пораснати и нивните вештини за џвакање се доволно добри. Покрај тоа, помалите деца можат лесно да бидат расеани од она што се случува околу нив, што исто така го зголемува ризикот од гушење.