ЗОШТО Е ДОБРО ДА ВЕЖБАТЕ ХУЛАХОП?

Согорување калории
Пола час вежбање со хулахоп има ист ефект како 30-минутно трчање. Оваа активност е идеална за слабеење, бидејќи калориите се топат исто како во степ-аеробик, кик-бокс или на лента за трчање.

Обликување на телото
Хулахопот ги зајакнува мускулите и ги обликува бутовите, задникот, стомакот, бедрата, нозете и колената, а дополнително обрачот можете да го вртите и околу рамената за да го вежбате торзото, рацете и вратот.

Подобрување на флексибилноста
Оваа активност бара движење и извртување на ‘рбетниот столб со што се зголемува неговата флексибилност и помага во превенцијата од повреди на грбот. Сепак, за луѓето кои имаат проблеми со грбот се препорачува прво да се посоветуваат со лекар за овие типови вежби.

Го подобрува расположението
Освен што е здрава, оваа физичка активност не здосадува и ќе немате проблем редовно да ја практикувате, бидејќи исто како и танцувањето и таа го подобрува расположението.

Колку е потежок обрачот толку повеќе здравствени придобивки
Иако обичниот хулахоп носи многу здравствени придобивки, многу побрзо ќе видите резултати доколку користите тежок обрач. Вртењето на потежок обрач носи исти резултати како и дигањето тегови. Потешкиот хулахоп е полесен за вртење и со него ќе можете да вежбате подолго време и со тоа да ги зајакнувате мускулите.