ЗОШТО Е ВАЖНО БЕБЕТО ДА ЛАЗИ ПРЕД ДА ПОЧНЕ ДА ОДИ?

Лазењето е важна фаза во развојот на бебињата, при што го зајакнува мускулно-скелетниот систем и телото се подготвува за вертикализација (стоење). Погрешно е да се мисли дека раните „пешаци“, а не бебињата кои лазат, се развиваат побрзо, бидејќи тука не се работи за брзина, туку за квалитетот на процесот. Ако бебето стане да оди пред да ја помине фазата на лазење, нозете, ‘рбетот и вратот ќе бидат слаби и можно е тоа негативно да влијае на целокупниот развој и здравје на детето.

До 4 месеци, бебињата имаат автоматски рефлекс на лазење, кој потоа го губат. Ова е моментот кога родителот треба да стапне и да помогне, преку гимнастика и вежбање во форма на игри. Процесот е забавен и за двете страни и корисен за физичкиот и менталниот развој на детето, а ја подобрува и комуникацијата дете-родител.

Придобивки од лазењето:

  • Ги зајакнува горните и долните екстремитети.
  • Ги зајакнува мускулите на рамената и градите.
  • Активирани се мускулите на телото и вратот.
  • Психомоторниот развој е стимулиран.
  • Се развиваат мозокот и видот.
  • Се подобрува координацијата и рамнотежата на телото.
  • Бебето стекнува независност и самодоверба.