ЗОШТО Е ВАЖНО ДА ЈАДЕТЕ СПАНАЌ?

Спанаќот е вистинска ризница на здравје и витамини, а сепак едноставно се подготвува.

Спанаќот претставува одличен извор на железо, а богат е и со витамините К, А, Ц како и фолна киелина. Исто така содржи и манган, магнезиум и витамин Б2. Витаминот А е потребен за раст на сите телесни ткива, вклучувајќи ја кожата и косата.



Витаминот Ц е важен за изградба и одржување на колагенот, косата и кожата. Ако сакате здрава коса и кожа, дефинитивно треба да консумирате спанаќ. Витаминот К е исклучително важен за здравјето на коските. Недостатокот на витамин К го зголемува ризикот од фрактура на коските. Спанаќот е богат и со влакна кои спречуваат запек и го подобруваат варењето.

Зимскиот период е најдобар да јадете спанаќ. Овој зеленчук можете да го подготвите на многубројни начини комбинирајќи го со ориз, тестенини, супа, различен зеленчук, како салата или со компир, а можете и да направите сендвич со спанаќ. Кога ве мрзи да готвите, идеално решение е да го потпите спанаќот во маслиново масло со бел лук и да го зачините со мелен бибер, па изедете го сиров.