ЗОШТО МАЖОТ ОДБИВА СЕКС?

Правите сè што е потребно за да имате секс со партнерот, но тој едноставно не е заинтересиран. Зошто? Не знаете ни самите. Иако жените се оние кои секогаш наоѓаат изговори за да немаат однос со својот партнер, по сè изгледа дека трендот се менува, па сè повеќе мажи започнуваат да го практикуваат истото што и жените. Извини драга премногу сум уморен…не можам денес не сум расположен…остави ме ми се спие…

Преморен и под стрес

Стресот од работните обврски и премореноста се едни од најчестите причини поради кои мажите не сакаат да имаат секс. Сепак, лекот за ваквата ситуација се крие токму во самиот проблем. Истражувањата покажуваат дека токму оргазмот го ослободува телото од стрес. Мажите за разлика од жените ретко се способни за извршување на повеќе обврски од еднаш, па токму затоа големи се шансите доколку вашиот партнер има проблем на едно поле, истиот да се одразува и на другите животни сфери.

Болен е

Хормонската нерамнотежа и хипотиреозата може да го намалат либидото, но и да предизвикаат депресија. Она што многумина не го сфаќаат е дека постојат многу случаи на депресија кои не се дијагностицирани. Мажите често паѓаат во депресија кога мислат дека не ги исполнуваат очекувањата, па со оглед на тоа дека ја разбираат депресијата како слабост, најмалку од сè сакаат да покажат дека се слабаци.

Спие со друга

Повеќето жени збеснуваат при самата помисла на оваа опција, но и таа може да биде причина зошто мажот одбива секс. Без разлика дали станува збор за физичка или пак емотивна прељуба, сексот со партнерката веќе не му е потребен. Во ваквите ситуации ако не спие со друга жена, тогаш се самозадоволува. Доколку се сомневате дека има љубовница прашајте го отворено.

Не го привлекувате повеќе

Можеби има потреба од секс, но не со својата партнерка. Понекогаш партнерката станува здодевна и повеќе не е привлечна. Токму затоа психолозите препорачуваат жените да го сменат пристапот во заведувањето и во сексот. Колку повеќе експериментирање внесувате во врската, толку се поголеми шансите истата да го преживее тестот на времето.

Маж со мал сексуален нагон

Понекогаш се случува мажот да има помал интерес за секс од жената. Ако имате партнер со слабо либидо, иницирајте секс што е можно повеќе без разлика на тоа дали ви изгледа заинтересиран или не. Можеби на почетокот навистина нема да сака секс, но доколку постојано парадирате пред него во долна облека добри се шансите да го смени своето мислење.