ЗОШТО НЕ СМЕЕТЕ ДА СПИЕТЕ СО ВОДЕНА КОСА?

Сигурно ова сте го чуле многу пати, а и го применувате како правило, но дали некогаш сте се запрашале зошто не треба да спиете со мокра коса?

Некои би рекле дека тоа е затоа што влажноста ја лади главата и може да предизвика главоболки следниот ден. Ова, секако, е издржано.

Но, од друга страна, мократа коса е слаба и нежна. Ако си легнете со коса завиткана во крпа или со мокра коса директно на перница, во текот на ноќта додека да се исуши, ризикувате да ја истегнете, а со тоа да ја направите и кршлива и тенка.

Секако, штетите нема да се видат по првото спиење со мокра коса, но не дозволувајте тоа да ви стане навика.