Девојките кои биле во состојба на стрес или во семејството каде што имало, стареат побрзо од другите претставнички на понежниот пол кои немале психолошки проблеми во семејството или стрес.
Американските научници ја докажаа врската помеѓу стресот, депресијата и предвременото стареење. Причината се пократките теломери – заштитни структури на крајот на хромозомот. Како што старееме, теломерите стануваат пократки. Колку се пократки, толку побрзо човекот умира. Теломерите можат да станат пократки поради оксидативниот стрес и други процеси што ја оштетуваат ДНК.


