ЗОШТО РАКУВАЊЕТО МОЖЕ ДА БИДЕ ОПАСНО ЗА НАШЕТО ЗДРАВЈЕ

Научниците открија дека луѓето кои се поздравуваат со ракување имаат многу поголема веројатност да пренесат инфекции отколку оние кои разменуваат пријателски бакнеж во образот.

„Рацете се критична алка во синџирот на инфекција бидејќи тие ги пренесуваат инфекциите од површините на луѓето и меѓу луѓето .

Ова го вели професорката Сали Блумфилд од Лондонскиот институт за хигиена.

Ракувањето долго време е вообичаен ритуал за поздравување во општеството, како и примарна форма на физички контакт, но никој не знае што допрел другиот претходно. Така во мода дојдоа голем број други форми на поздравување. Главната работа е што луѓето избегнуваат бакнување кога се болни, но во реалноста поголема е веројатноста да ја пренесат инфекцијата со ракување.

Редовното миење на рацете е поефикасно од лековите во спречување на респираторни вируси и гастроинтестинални инфекции, поради што стана витален протокол во последните 2-3 години.