Љубовните раскинувања се комплициран процес, но мораме да го пребродиме. Поминува некое време, продолжувате со нова љубовна врска, но се случува да сфатите дека и бившиот создал таква. Тогаш се појавува чувството на љубомора кон него. Зошто?
Чувствувате малку носталгија
Во човечката природа е да се чувствуваме носталгично, дури и кога ќе го надминеме љубовниот раскин. Дури и ако сте во среќна љубовна врска во оваа фаза, нормално е понекогаш да размислувате за убавите моменти што сте ги поминале со бившиот.
Зошто таа е сосема поинаква од мене?
Прашање што си го поставувате за новата партнерка на бившиот. Си го поставувате и другото прашање за него – дали веќе преферира сериозни врски со сосема поинаков тип на жена. Ве тера да мислите дека можеби не сте биле навистина посакувани од него, дека некој друга повеќе му го заробила срцето.
Вашите стари рани повторно се отворија
Понекогаш, дури и кога сме одвоени од некого со месеци, нашите љубовни рани може повторно да се отворат. А причината поради која боли е тоа што толку брзо не заменил со друга. И чувствуваме интензивна љубомора. На некои лузни им треба повеќе време за целосно заздравување.
Дали тој се променил?
Една од причините поради која двајца луѓе раскинуваат е разликата во карактерот. Имаме очекувања кои не се исполнуваат… Посакуваме да беше поромантичен, дарежлив или верен… Кога бившиот веќе започнал нова врска, секогаш се прашуваме дали ќе биде поинаков со неа. Дали ќе биде пољубезен отколку со нас, што повеќе ќе даде од себе за да му трае врската.
Го сакате она што не можете да го имате
Повторно, човечката природа е да сака работи што не можеме да ги имаме. Тоа се случува и во љубовта, дури и ако сме го преболеле бившиот.
Сè уште сте некако приврзани за него
Друга причина да се чувствувате љубоморни на вашиот поранешен е чувството на приврзаност што го чувствувате кон него. Ова се случува во првите месеци по раскинувањето. Целиот ваш животен ритам мора да се промени, особено ако сте живееле заедно. Во моментите кога сте сами се прашувате дали е веќе со некого. Вашите вечери се осамени без него…