Кога на хоризонтот ќе се појави нов маж кој ни се допаѓа, порано или подоцна разменуваме покани на социјалните мрежи, следиме профили, активности, си пишуваме. Возбудени сме, имаме многу прашања, очекувања. Го анализираме неговото однесување и понекогаш сме прилично збунети, особено кога многу добро зборуваме во живо, но најчесто ние први му пишуваме на социјалните мрежи. Која би можела да биде причината тој да одговори, но прв да не пишува?
Тој ја игра својата игра
Една од најчестите причини поради кои очекува секогаш да му пишувате пораки е затоа што тој е играч кој ужива во вашето внимание што му го зголемува егото. Обидете се да не му праќате пораки некое време за да видите дали ќе ве контактира.
Тој поставува граници
Тој го прави ова, особено ако неодамна раскинал со партнерката или бил повреден во минатото. Мажите, како и жените, поставуваат такви емоционални бариери кога се плашат од отфрлање. Затоа дајте му време и немојте да бидете премногу напорни и агресивни кон него.
Не сака ништо сериозно
За некои мажи е прифатливо да се однесуваат лежерно без да се врзуваат, да се продлабочуваат и да вложуваат време и емоции. Понекогаш тоа е показател дека не бара сериозна посветеност. Или барем не со вас. Ако не се труди прв да ви испрати порака, е краток со одговори, можеби не сака да добиете погрешен впечаток. Тој се држи на дистанца затоа што не сака работите да станат премногу емотивно-интимни за вас.
Вашите разговори не се толку возбудливи
Во одреден момент, дури и ако сте си пишувале смешни работи еден на друг, вашите разговори на социјалните мрежи можат да станат здодевни. И тоа е сосема нормално и не мора да значи дека не ви се допаѓа. Размислете дали има нешто ново, возбудливо за разговор – можеби нов филм, книга, ресторан, тема за која знаете дека тој е возбуден.
Веројатно излегува со некоја друга
Ако не е проактивен кон вас, ретко или никогаш не ви праќа пораки прв, можно е околу него да има некоја друга кој му го одвлекува вниманието, која му е поинтересна во моментот.
Не му давате шанса
Ова значи да му дадете малку „воздух“ од вашите пораки и тоа ќе го мотивира да ви пишува. Ако постојано му пишувате пораки, тој ќе изгуби интерес.


