Значајната разлика во крвниот притисок помеѓу двете раце може да биде предупредувачки знак за иден срцев удар или мозочен удар, според новата анализа објавена во списанието „Хипертензија“.
Една нова студија покажа дека за секој степен на разлика помеѓу двете раце, ризикот од срцев или мозочен удар се зголемува за еден процент во следните 10 години од животот.
Оваа студија укажува дека колку е поголема разликата во крвниот притисок помеѓу рацете, толку е поголем васкуларниот ризик, затоа е клучно да се измери притисокот на двете раце со цел да се утврди кои пациенти може да имаат значително зголемен ризик.
Разликата од 10 повеќе или помалку се смета за нормална и не претставува причина за загриженост.
Сепак, поголемите отчитувања помеѓу двете раце можат да бидат знак на стеснување или зацврстување на артеријата, што може да влијае на протокот на крв.