Црешите изобилуваат со антиоксиданси, имаат малку калории, и спаѓаат во листата на најдобрите овошни намирници, можете да ги конзумирате свежи, сушени, замрзнати, како компот или чаеви, или да ги вметнете во вашите омилени слатки.
Црешите се богати со витамин Ц, Б и А, биофлавоноиди, елагична киселина, антоцијанин, мелатонин, калциум, железо, калиум, но и многу минерали.
Поради нутриентите кои ги содржат, црешите помагаат во несоница бидејќи содржат мелатонин, исто како праските и сливите.
Исто така, црешите го штитат и срцето благодарение на пектинот кој го намалува лошиот холестерол.
Истражувањето објавено во магазинот „Journal of Nutrition“ вели дека црешите може да помогнат да се спречи настанувањето на рак на дебелото црево.