Има многу работи за кои правиме компромиси во нашите животи: јадење што содржи помалку калории, лоша работа но во вистинскиот град, облеката што се продава. Сепак, има една работа за која никогаш не смееме да правиме компромиси, а тоа е љубовта.
Во животот има многу половични работи, но љубовта не треба да биде една од нив. Никогаш не треба да се задоволите со личност која во секој момент може да си замине и да не се сврти. Не мора да се задоволите со некој кој не сфаќа што има додека ве држи за рака, некој кој не ве потсетува секој ден што му значите.
Она што го заслужувате е сè!
Заслужувате некој кој и да не верува во бајки, ве третира како принцеза едноставно затоа што сте таква во неговите очи.
Вие заслужувате некој да го сподели она што навистина го мисли, некој кој знае да прости и да биде среќен, наместо постојано да се труди да биде „во право“.
Вие заслужувате таква епска страст што ја нема ни во „50 нијанси сиво“: Искра што никогаш не згаснува, очи што гледаат само во вас и потреба од вашиот допир секогаш кога сте наоколу. Вие заслужувате страст да ги испреплете вашите срца и да ги споите во едно.
Вие заслужувате секогаш да се чувствувате посакувано, никогаш да не се сомневате ниту за момент во чувствата на вашиот партнер.
Вие заслужувате никогаш да не се двоумите за вашата заедничка иднина. Заслужувате сигурност да ве обвие како бран.
Вие заслужувате секој роденден да биде запаметен и секој празник да се слави како што треба. Заслужувате трудољубивост при изборот на кој било подарок, па дури и цвет откинат од улица на пат кон дома.
Вие заслужувате да ве потсетуваат колку сте посебни секој ден.
Вие заслужувате да бидете нежно прегрнати. Вие заслужувате такви бакнежи од кои се чини дека зависи вашиот живот. Сите ѕидови се урнати и секој пат се губите во него. Вашиот ум не може да прави разлика помеѓу минатото, сегашноста и иднината, бидејќи во тој момент времето не постои. Растргнати меѓу вкусот на љубовта и чувството на вечност…


