ЗОШТО ЖЕНИТЕ ГЛУМАТ ОРГАЗАМ?

Тоа што глуми не значи дека не ужива во сексот
Истражувањата покажуваат дека жените имаат најголема активност во центрите за задоволство во мозокот за време на сексот или додека се на пат кон оргазмот, а непосредно пред да го достигнат врвот, активноста одеднаш опаѓа. Од друга страна, кај мажите, активноста во овие делови на мозокот е најголема за време на самата ејакулација.

Поточно, повеќе од две третини од жените барем еднаш одглумиле оргазам, а 30% го прават тоа редовно, најчесто добронамерно. Според нив, глумењето оргазам го прави сексот попријатен и за нив, а не само за партнерот.

Жените глумат заради партнерот
Околу 75% од жените признаваат дека одглумиле оргазам со стенкање или со некои други слични постапки само затоа што нивниот партнер ни малку не се потрудил да ги доведе до врвот.

Една четвртина од жените глумат дека доживеале оргазам само за сексот да заврши порано бидејќи трае премногу долго или затоа што е монотон и тие чувствуваат дека нема да го достигнат врвот.

Само 1% од жените глумат оргазам од алтруистички причини затоа што не сакаат да ги повредат чувствата на партнерот. Тие се свесни дека вистината може да создаде притисок што ќе предизвика сексот да биде помалку задоволувачки и за неа и за него.

Единствената причина што нема никаква врска со партнерот
Стравот и несигурноста се причините поради кои жените кои не се чувствуваат добро во своето тело, а со тоа се оправдуваат и жените што имаат помала самодоверба, недостаток на сексуално искуство или оние што сметаат дека нешто не е во ред со нив затоа што не можат да доживеат оргазам. Тоа е причината за глумење оргазам кај една третина од жените.