10 ЛЕСНИ ЧЕКОРИ ЗА ДА ГИ ПОСТИГНЕТЕ ВАШИТЕ ЦЕЛИ

Дали сакате да успеете? Прочитајте ги овие 10 лесни чекори од животниот тренер Лорен Зандер кои ќе ви помогнат да го поминете финишот на вашите цели за кратко време.

  1. Бидете конкретни и знајте што точно сакате. Без разлика дали тоа ќе биде маж, работа, облека… секогаш бидете јасни, цврсти и сигурни во вашиот сон.
  2. Верувајте дека го заслужувате тоа. Отстранете ги сите стравови и сомнежи дека не сте во можност да го добиете она што го сакате.
  3. Бидете што е можно понепогрешливи во исполнувањето на ветувањата за себе и за другите. Бидете искрени со себе и со другите. Ова е начин да ја зачувате вашата самопочит и да ја зголемите вашата моќ и влијание.
  4. Создадете одлични односи со што е можно повеќе луѓе. Правете им услуга, ласкајте им и со текот на времето ќе ви се заблагодарат.
  5. Преземајте ризици. Не плашете се од непознатото и неизвесното. Кога ќе ги надминете стравовите, ќе можете да го постигнете она што навистина го сакате и што ве прави среќни.
  6. Кажувајте ја вистината. Не бидете вештачки. Бидете реални. И ако не се сакате себеси, знајте дека можете да се промените и да се развиете во она што сакате да бидете. Тоа е ваша работа.
  7. Кога работите не функционираат, во ред е да ги оставите да си одат. Кога нешто ќе дозволите да си оди, нешто друго ќе го заземе местото, па затоа е добро да бидете искрени со себе.
  8. Откако ќе постигнете нешто големо и важно, секогаш преминете на следниот сон. Луѓето забораваат да го направат ова, а потоа мислат дека нивните соништа умираат, но вистината е дека сте ја постигнале целта и сега ви треба нова.
  9. Не повредувајте други луѓе. За да ја постигнете вашата цел не значи дека некој друг треба да страда. Бидете љубезни и скромни бидејќи тоа е исклучително важно за да го постигнете она што го сакате во животот.
  10. Никогаш не престанувајте да бидете љубезни кон сите околу вас. Вашиот шарм, способноста да уживате во малите нешта се важни за да ги постигнете вашите цели. Не дозволувајте да станете лелекач. Секогаш знајте кога се жалите и престанете. Ова не значи дека треба да се преправате дека сте среќни кога не сте, туку да ја кажувате вистината и да го сакате животот. Вашиот став е многу важен.