Родените помеѓу 22 јули и 22 август се Лав, огнен знак со кој владее Сонцето. Секој хороскопски знак го карактеризираат одредени особини, а доколку сте љубопитни за карактеристиките на Лавот, погледнете повеќе во следните редови.
- Крал на забавите. Ако често сте душата на друштвото и во фокусот на вниманието, тогаш сте 100 проценти Лав.
- Тие се магнетни. Една од карактеристичните црти на хороскопскиот знак Лав е нивната привлечност. Тие се шармантни и штом ќе влезат во просторијата се добива чувство како цела да се осветлила .
- Лесно го совладаат секој разговор. Лавовите не се најзборливите знаци, но и не молчат. Меѓутоа, кога имаат што да кажат, сите ги слушаат и ги апсорбираат нивните зборови.
- Ним не им е непознат успехот. Лавовите се пробивни, амбициозни и строго ги следат своите цели. Понекогаш средствата што ги користат можеби не се најетички, но секогаш го добиваат она што го сакаат. Успехот во кој било од нивните потфати е неизбежен.
- Не остануваат незабележани во професијата. Каква професионална област и да изберат во животот, едно е сигурно – Лавовите се забележуваат од далеку. Некои од најжешките хороскопски знаци се посветени на својата работа, ја работат со страст и не сакаат да прават компромиси. Ова е евидентно и понекогаш станува причина за насилни расправии со колегите, но Лавот не се плаши од контроверзии, туку влегува во нив со ентузијазам.
- Креативни се и енергични. Карактеристично за огнениот знак е неговата огромна енергија. Лавовите се одликуваат со имагинација и ревност да ги остварат сите соништа.
- Обожаваат да бидат во центарот на вниманието. Лавовите не се срамежливи знаци, туку напротив – сакаат да бидат во фокусот и да имаат концентрирано внимание на нив. Некогаш и малку се преигруваат за да бидат забележани, но тоа лесно се простува, бидејќи тие се навистина огнени и страсни природи, чие пријателство вреди.
- Тие се храбри. Дури и ако понекогаш стравот им се вовлече во душата, никој нема да го разбере. Тие длабоко ги кријат своите стравови и не ги покажуваат. Од друга страна, нивната храброст е видлива за сите и понекогаш може да биде и малку непромислена.
- Тие се неуморни, но плаќаат висока цена. Карактеристично за огнениот знак е тоа што се подаруваат во сè – во работата, во љубовта, во пријателството, но за тоа плаќаат голема цена. Иако изгледаат неуморно во давањето на другите, тоа воопшто не е така. Понекогаш тие можат да станат жртви на исцрпеност и да бидат надвор од акција некое време. Затоа, важно е нивните најблиски да ги поддржат и да внимаваат на знаците на замор.
- Нарцисоидни се. Еден од најнарцисоидните знаци. Тие се сакаат толку многу што понекогаш дури и ги нервираат своите најблиски со своето однесување.
- Ја сакаат водечката улога во љубовта. Без разлика на полот, Лавот е лидер во врските, особено во интимните. Доколку сте заљубени во личност со овој огнен знак, знајте дека контролата во вашата врска ќе биде во негови раце.
- Во сексот се меѓу најдобрите. Нивната страсна природа ги прави еден од највпечатливите љубовници во зодијакот.
- Лојални и верни пријатели. Вистинскиот Лав е веројатно најдобриот пријател што некогаш сте можеле да го имате. Иако се гласни, страсни и понекогаш изгледаат како да имаат стотици пријатели, Лавовите всушност се лојални на мала група луѓе кои се најблиску до нивното срце. За нив тие се подготвени на се.
- Малку мрзеливи. Во работата и работите што ги сакаат, Лавовите се запалени, буквално горат од ентузијазам. Но, тоа не важи секогаш за нивните домашни работи, во кои тие се дури и малку мрзливи.
- Родени лидери. Во напнати ситуации, кога треба брзо да се донесат важни одлуки, можете да сметате на Лавот да го спаси денот. Брзо размислуваат, прилагодливи се и во стресни моменти можат да донесат одлуки за неколку секунди.
- Драмски кралици. Ако има знак кој сака драма, тоа е Лавот. Нивната желба секогаш да бидат во центарот на вниманието понекогаш бара од нив да бидат подраматични и поизразени во нивната презентација, што ги прави вистински драматични кралици на зодијакот.
- Романтични. Страсната природа на Лавот е секогаш поврзана со романтиката. Сакаат романтични гестови, и за да ги направат и за нив.
- Сакаат луксуз. Лавот не ги сака обичното и стандардното, додека луксузот неодоливо ги привлекува.
- Тие се нетрпеливи. Кога Лавот сака нешто, го сака сега и веднаш, и нема намера да чека. Нивната нетрпеливост понекогаш им игра лоша шега бидејќи некои работи во животот бараат понизност и трпение.
- Друштвени се. Обожаваат да запознаваат нови луѓе, долги разговори и секако, најчесто да го слушаат сопствениот глас.


