25 ЛОШИ НАВИКИ ЗА СРЦЕТО

Лутејќи се поради уште една ситница, едвај размислуваме како страда нашето срце. Срцето никогаш не мирува, запомнете го тоа. Ни служи 24/7 и треба да го сакаме и негуваме. Изгледа дека често забораваме на тоа, а денот ни е проследен со низа лоши навики кои му штетат. Денес споделуваме со вас 25.

  1. Често патите од несоница или нарушувања на спиењето.
  2. Во принцип, вашиот живот е полн со стрес, вознемирени мисли.
  3. Пушите и пиете премногу кафе.
  4. Не пијате редовно зелен или црн чај, кој содржи флавоноиди (растителни хемикалии) познати дека го намалуваат ризикот од акумулација на артериски наслаги.
  5. Вашето мени често вклучува преработено месо, црвено месо.
  6. Имате вишок масни наслаги во пределот на половината или генерално имате прекумерна тежина.
  7. Имате навика да се „опуштате“ со алкохол навечер.
  8. Претерувате со консумацијата на кокосово масло.
  9. Го игнорирате депресивното расположение, заборавајќи дека нашето расположение има влијание врз нашето здравје.
  10. Го одржувате нивото на шеќер во крвта високо.
  11. Не се занимавате со спорт и воопшто не се движите доволно.
  12. Го игнорирате фактот дека во вашето семејство има историја на проблеми со срцето.
  13. Десертите во вид на слатки задоволства се секојдневна појава за вас.
  14. Не знаете кое е нивото на холестерол бидејќи не го следите, а истото важи и за шеќерот во крвта.
  15. Не го мерите крвниот притисок од време на време, дури и кога се жалите на главоболка.
  16. Вашето мени е „богато“ со транс масти.
  17. Имате лошо здравје на забите.
  18. Немате хоби кое ве исполнува со пријатни емоции и ви помага да го елиминирате стресот.
  19. Осамени сте, немате многу социјални контакти и сакана личност покрај себе.
  20. Не внесувате доволно омега-3 масни киселини.
  21. Конзумирате многу солена храна.
  22. Сами одлучивте да ги прекинете лековите за срце што ги препишал вашиот лекар.
  23. Не консумирате доволно свежа вода.
  24. Го претренирате вашето тело и не му давате доволно одмор.
  25. Вашето мени е сиромашно со свежо овошје, зеленчук, јаткасти плодови (без сол и ароми).