ЛИСНАТИ КИФЛИ

Состојки
1 коцка (42гр.) пресен квасец
200мл. вода
300мл. млеко
2 супени лажици шеќер
100мл. масло
1 супена лажица сол
800гр.просеано бело брашно
250гр. маргарин
1 јајце (за премачкување)

Квасецот се раствора во топлата вода и млеко со шеќерот. Се остава да надојди.
Се додаваат маслото, солта и брашното.
Се меси додека се добие средно, меко тесто, кое не се лепи на рацете.
Поделете го на 2 дела. Од секој дел се прават по 5 топчиња.Се расукуваат и им се ренда замрзнат маргарин.
Маргаринот се дели на 8 дела, што значи се мачкаат по 4 корички, од петте, при што последната не се премачкува.
Се изработува и вториот дел.
Од секој дел се отвора тенка кора која се сече на 16 триаголници. Се витка, не многу стегнато. Се премачкуваат со јајце и росат со сусам.
Одма се печат, но и да се подкиснат малку не е грешка.
Печењето е на 220 степени 15мин.
Можете и да им ставите фил по желба.
На здравје!