КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД МИГРЕНАТА?

Покрај големата непријатност кои повеќето од главоболките ја предизвикуваат, најчесто тие се привремени и можат многу лесно да се излечат и без помош на медикаменти. Пред да пробате проблемот да го решите со апче, обидете се со следниов природен начин:

Чај од ѓумбиров корен

Ѓумбирот може многу да помогне против мигрената преку спречување синтеза на простагландини (многу масни киселини што се создаваат во човечкото тело и имаат силно физиолошко дејство). Поважно е тоа што, ѓумбирот многу помага во намалување на мачнината која ја создава мигрената. Чајот подгответе го така што, во 250 милилитри вода ќе ставете ¾ ѓумбиров корен и ќе го оставете да се крчка околу 30 минути на пониска температура.