Состојки
1/2 шолја масло
1 шолја вода
1 шолја брашно
1 пак. прашок за пециво
4 јајца
За фил
1/2 л млеко
4 лажици шеќер
2 јајца
2 пак. ванилин шеќер
2 полни лажици брашно
125 гр маргарин со вкус на путер + 2 лажици шеќер во прав
шолјата е од 250 мл
Се ставаат водата и маслото на оган откако ќе зовријат се додава брашно со постојано матење. Смесата ќе стане густа, оставете ја да се излади. Во млаката смеса ставете две јајца и изматете, па потоа ако е прегусто ставете го и третото.
Загрејте ја рерната на 200 степени и со шприц на плех со хартија вадете еклери. Нека се печат 20-25 минути. Кога ќе се изладат се сечат на пола.
Нека се вари млекото со жолчки, шеќер и брашно, па мешајте да се згусне и тргнете од оган. Изматете слатка павлака и додајте ја во изладениот крем со миксер. Растопете чоколада и премачкајте ги филуваните еклери.
На здравје!