РОЛАТ СО АФИОН

Состојки:

  • 3 1/2 филџани брашно
  • 200 гр. путер
  • 1 филџан шеќер
  • 4 јајца
  • 1/2 филџан павлака
  • прстофат сол
  • 1 лажица сода

Фил:

  • 2 филџани мелен афион
  • 1/2 филџан шеќер
  • 1/2 филџан ореви

Подготовка:
Измешајте го брашното со содата и просејте. Додадете го ситно сецканиот путер и истријте го во брашното додека не стане ронливо.

Направете бунар во средината на брашното и додадете 3 јајца, павлака, шеќер и сол. Брзо измесете го тестото и ставете го на ладно место 15-20 минути.



Потоа исучете го тестото во правоаголна кора со дебелина од 1 см, посипете го со афион измешан со шеќерот и оревите.

Ставете го ролатот во намастено и набрашнето тавче и намачкајте го со јајце, посипете го со мешавина од афион, шеќер и ореви. Печете 35 минути на температура од 230 степени.

На здравје!