ТОРТА СО ЈАБОЛКА

Состојки:
– 200 гр. бисквити
– 4 јајца
– 200 гр. брашно тип 500
– 170 мл. масло
– 5 јаболка
– 1 пакетче прашок за пециво
– 20 гр. путер

Начин на подготовка:

Во голем сад изматете ги јајцата и шеќерот. Додадете го маслото во тенок проток и матете додека не стане кремаста смесата. Додадете го просеаното брашно и пецивото и матете додека не се изедначи смесата.

Излупете ги јаболките и исечете ги на парчиња.

Подмачкајте сад за печење со дно што се одделува и ставете ги смелените бисквити. Притиснете и формирајте тесто. Покријте го со исечени јаболка.

Потоа истурете го тестото со јаболка над смесата за торта и печете 45-50 минути во загреана рерна од 180 степени. Оставете да се излади 10 минути и превртете ја тортата. Попрскајте ја со шеќер во прав.

На здравје!