Погледнете ја сликата, потоа проверете што значи првото нешто што сте го виделе: Дали сте подготвени да разберете која е вашата слабост во љубовта? Што видовте најпрво?

Врзан човек
Ако првото нешто што го видовте е човек врзан помеѓу две дрвја, тогаш сте конфликтна личност. Не грижете се. Ова не значи дека сте во судир со вашата околина. Честопати се борите во себе, но исто така треба да можете да најдете место и за љубовта. „Ако не можете да се сакате себеси, како ќе сакате друг?” – Ру Полу. Толку е тешко да се прифатите себе си, вашите јаки и слаби страни и сè друго што немате време да се сакате себеси. Битката за внатрешен мир не се добива лесно. Научете да се почитувате и да уживате во животот.
Ограда
Ако сте ја виделе оградата, најголема слабост ви е тоа што се затворате пред другите. Тоа не значи дека сте изгубена кауза. Се плашите од ризици, но можете да пропуштите многу љубов. Отстранете ја препреката за да уживате во сѐ она што ви се случува. Не треба да се плашите. Преземете го ризикот за да победите!
Чамец
Ако најпрво го видовте чамецот и гнездото со јајца, слабост ви се високите барања што никој не може да ви ги покрие. Важно е да знаете што сакате во љубовта, но не треба да биде нешто што не може да се постигне. Ако ги промените вашите барања, ќе откриете нови работи. Не е срамота да посакате семејство и личност која ќе ве сака, и ќе ги исполни вашите соништа.
Череп
Ако најпрвото што го видовте на сликата е череп, со вознемиреност ги спречувате вашите шанси за љубов. Премногу сте загрижени и треба да се опуштите затоа што тензијата може да ви изигра многу лоша шега. Животот е добар и мора да уживате во него. Не трошете време и не пропуштајте ја љубовта. Не грижете се цело време затоа што секогаш ќе има за што да се грижите, но мора да научите да се справите со сите тешкотии.