ИСКОРИСТЕТЕ ГИ ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ЈАЈЦА – НАПРАВЕТЕ НАМАЗ ШТО ЌЕ ГО ВООДУШЕВИ ВАШЕТО НЕПЦЕ!

Може да биде појадок, вечера и закуска и лесно се подготвува. Ако ви останат велигденски јајца, направете ја оваа феноменална паштета!

Состојки:

1/2 Лук

2 јајца

240 гр туна

100 гр путер

малку сенф

сол, бибер, сок од лимон, сос од вустершир

Подготовка:

Лукот ситно исецкајте го. Изматете го путерот, и изблендирајте ги варените јајца и туна во блендер.

Во путерот промешајте исечен кромид, јајца и туна. Додадете сенф, сол, бибер, сос од вустершир и малку сок од лимон.

Измешајте сè добро и послужете со тост леб.

Добар апетит!