Еден од најпосакуваните рецепти што го поврзуваме со детството !
Потребни состојки:
1 литар свежо млеко
2 чаши ориз
1 лажичка шеќер
1 ванила
малку цимет (по избор)
Начин на подготовка:
Оризот се чисти и се мие, се става со 1 чаша чаша вода и се вари до полу набабрување. Истурете го млекото и оставете да зоврие. Засладете со шеќер и по повторно вриење тргнете го од оган.
Се засладува со вкус на ванила и се става во садови. Посипете (по избор) со цимет. Може да послужите топло или откако ќе се олади.
На здравје!