Состојки:
- 75 гр путер
- 2 лажици брашно тип 500
- 3 филџани супа од зеленчук
- 2 филџани вода
- 4 лажици бело вино
- 100 гр сирење
- свеж магдонос
- 2 прстофати мелен црн бибер
- 1 лажица Хималајска сол
- 1 кромид
- 2 парчиња леб
Начин на подготовка:
Стопете половина од путерот и испржете го брашното. Потоа ставете ја супата, 2-те чаши вода и виното.
Гответе 10-15 минути. Додадете го исеченото сирење со постојано мешање.
Откако ќе зоврие, тргнете ја супата од оган, зачинете ја со ситно сецкан магдонос и црн бибер.
Исечете го кромидот на мали парчиња, а лебот на коцки. Испржете ги на преостанатото масло и послужете ги со супата.
На здравје!