ПАЛАЧИНКИ ОД ТИКВИЧКИ И КОМПИР-СОВРШЕН ЛЕТЕН ОБРОК!

Состојки:

  • 2 чаши рендана тиквичка
  • 1 чаша рендан компир
  • 1 јајце
  • 1 лажица сецкан магдонос
  • 1 лажица рендана кора од лимон
  • 1 лажицa лебни трошки
  • 1 лажица путер
  • 2 лажици павлака
  • сол,зачин, бибер

Подготовка:



  1. Изренданите тиквички и компири оставете ги во вода најмалку половина час, исцедете ги добро и додадете сол.
  2. Изматете го јајцето, додадете магданосо и кора од лимон. Зачинете со бибер и сол по вкус.
  3. Измешајте ги тиквичките и компирот и додадете малку презла. Потоа додадете го изматеното јајце и измешајте сè добро.
  4. Загрејте ја тавата добро и додадете го путерот. Ставете лажица од смесата од тиквички на врел путер и израмнете со шпатула.
  5. Печете ги додека не добијат румена боја, а потоа свртете ги од другата страна.
  6. Послужете додека се уште топли со кисела павлака или сос по желба.

На здравје!