Состојки:
- 500 гр. мелено пилешко месо
- 1 кромид, ситно сецкан
- малку магдонос , ситно сецкан
- 1 јајце
- 2-3 чешниња лук
- 2 лажици мајонез
- сол и бибер по вкус
- брашно
- масло за пржење
Подготовка:
Измешајте го меленото пилешко месо со кромидот, магдоносот, јајцето, лукот, мајонезот и зачините. Мешајте се додека не добиете хомогена смеса. Загрејте го маслото за готвење. Обликувајте ги ќофтињата со рацете. Превртете ги во брашното и пржете 5-7 минути од секоја страна. Исцедете ги ќофтињата на кујнска хартија.
На здравје!