- 2 сецкани домати
- 1 сецкано авокадо
- 10 мл маслиново масло
- мал исечен црвен кромид
- 10 мл сок од лимон
- 10 мл балсамичен оцет
- сол, пипер.
- 2 парчиња пилешко
Подготовка:
Во сад измешајте ги доматите со авокадо, испрженото пилешко на мали парчиња и кромид. Во друг сад измешајте го маслиновото масло со сок од лимон, балсамичен оцет, сол и црн пипер. Потоа истурете го сосот врз смесата од домати и добро измешајте.Пред сервирање, оставете ја салатата во фрижидер 5 до 10 минути.
На здравје!