ФРАНЦУСКИ НАМАЗ СО ЦЕЛЕР И ЈАЈЦА

Вкусен намаз кој лесно се подготвува.

Потребни производи:

  • 1 среден корен од целер
  • 4 варени јајца
  • 3 лажици мајонез
  • 3 лажици павлака
  • сок од лимон, по вкус
  • Сол, бибер, по вкус

Подготовка:

Сварете го целерот.



Изрендајте го и веднаш закиселете го по вкус со сок од лимон, измешајте со мајонезот, павлаката, солта и биберот.

Излупете ги јајцата и изрендајте ги.

Измешајте сè добро и сервирајте со тост леб или леб со семе.

На здравје!