ПАЛАЧИНКИ СО КОМПИР И ПЕЧУРКИ

Потребни состојки:

-За палачинки:
– 200 мл. млеко
– 1 јајце
– 100 гр. брашно
– 30 мл. масло


-За фил:
– 4 компири
– 200 гр. печурки
– 1 кромид
– 1 морков

вегета
– сол

магдонос
– путер



Палачинки
Јајцето изматете го со млеко, додајте сол, масло и брашно. Направете смеса за палачинки.
Палачинките пржете ги загреана тава за палачинки.

За фил:
Компирите сварете ги, направете пире.
Печурките кратко обарете ги, исцедетеја водата.
Кромидот ситно исечете го, ставете го да се пржи, додадете го ренданиот морков, пржете. Ставете ги печурките, и се кратко пропржете. Печурките ставете ги во пирето, промешајте, посолете додадете вегета. Магдоносот ситно исечете го и додадете го во филот.
Во палачинките ставете фил, завиткајте ги во форма на квадрат.
Во тава ставете путер и пржете ги палачинките од двете страни.

Многу вкусни крцкави палачинки! Добар апетит!