Ви предлагаме да го пробате рецептот со малини, кој ќе донесе чувство на свежина во вашиот омилен десерт.
Состојки за 8 порции:
- 250 мл слатка павлака
- 50 гр шеќер во прав,
- 500 гр маскарпоне сирење,
- шолја цедено кафе,
- 3 лажици амарето или друг алкохол,
- Бисквити 150 гр,
- 4 лажици какао,
- 200 гр малини
Подготовка:
Изматете ја слатката павлака со шеќерот и додадете го маскарпонето. Комбинирајте кафе со амарето. Потопете ги бисквитите еден по еден во смесата со кафе и алкохол.
Подгответе сад и наредете еден слој бисквити потопени во кафе. Ставете половина од смесата со павлака и сирење и покријте со друг слој бисквити. Ставете го остатокот од смесата. Посипете одозгора со какао, а потоа покријте ја целата површина со малини. Ставете го во фрижидер 2-3 часа.
На здравје!