СТАР И ИСПРОБАН РЕЦЕПТ ЗА ДОМАШЕН ЏЕМ ОД СМОКВИ

Смоквите не се само многу вкусни, туку и здрави. Денес ќе ви покажеме како да ги чувате за зима во форма на домашен џем.

Потребни состојки:

1 кг смокви

1 кг шеќер

лимонтус (1 лажичка)



1 пакетче ванила

300 мл вода

Начин на подготовка:

Зрелите смокви се мијат убаво, им се вадат рачките и се сечат на парчиња, се стааваат во длабоко тенџере и се додава шеќерот и водата. Се варат на тивок оган додека смоквите не почнат да се распаѓаат при крајот се додава ванилата и лимонтус 1 лажичка кој ке помогне подобро да се желира џемот. Готовиот џем веднаш се истура во тегли и секоја тегла се затвора убаво и се превртува за да се затвори убаво и се чуваат на темно место.

На здравје