НАРОДЕН РЕЦЕПТ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КРВНИТЕ САДОВИ ОД ХОЛЕСТЕРОЛ!

Ослободете се од токсините во крвта и подобрете ја еластичноста на крвните садови чистејќи ги од наслагите на холестерол. Пожелно е редовно да се чистат крвните садови.

Ова може да се направи на различни начини, од методите на народната медицина до употреба на фармацевтски лекови, плазмафереза , па дури и ласерско чистење на крвните садови.

Важно е да се знае дека чистењето на крвните садови со лекови предизвикува многу несакани ефекти. Нивната употреба треба да биде последно средство кога другите третмани не помагаат. Затоа, вашата најдобра опција за чистење на крвните садови е да користите природни лекови.

Лукот и лимонот се многу ефикасни за чистење на крвните садови, за намалување на нивото на холестерол, за зајакнување на ѕидовите на артериите и за намалување на ризикот од опасни болести како што е атеросклероза . Оваа тинктура со лимон и лук се користи во руската народна медицина со векови.

Исто така, овој народен лек го спречува создавањето на канцерогени клетки, што е неколкупати потврдено со научни истражувања. Потврдено е и дека лукот содржи големи количини на антиоксиданси кои регенерираат и подмладуваат.



Народен рецепт за чистење на крвните садови од холестерол

Состојки:

  • 4 чешниња лук
  • 4 средни лимони (неизлупени)
  • 3л зовриена вода
    Подготовка:

Одделете го лукот на парчиња и исчистете го.
Лимонот исечкајте го на кришки и ставете го во врела вода.
Состојките сомелете ги заедно.
Смесата се става во чиста стаклена тегла и се прелива со 3 литри зовриена вода до врвот.
Покријте и ставете го во фрижидер 3 дена.
Потоа чувајте го во фрижидер додека не се потроши.
Употреба:

Максималната доза е 50 ml 3 пати на ден, пред јадење. Меѓутоа, чистењето на крвните садови треба да започне со помали дози (1-2 лажици). Доколку не чувствувате непријатност, полека зголемувајте ја дозата до препорачаните количини. Времетраењето на овој третман е 40 дена.

Се препорачува еднаш годишно да ги чистите крвните садови на овој начин, по консултација со лекар. Овој пијалок ќе ја подобри циркулацијата на крвта и неговиот липиден состав, ќе го нормализира крвниот притисок и ќе ја подобри циркулацијата на крвта во мозокот. Покрај тоа, овој лек многу ќе им помогне на оние кои сакаат да ослабат.