СИМПТОМИ НА ТЕШКА ХИПЕРТЕНЗИЈА: 3 ЗНАЦИ ДЕКА ПРИТИСОКОТ ДОСТИГНАЛ КРИТИЧНО НИВО!

Хипертензијата најчесто е „тивка“ болест – многу луѓе не доживуваат никакви симптоми, а високиот крвен притисок полека го загрозува нивното здравје.

Може да поминат неколку години, дури и една деценија, додека притисокот не достигне толку високо ниво што тешкотиите стануваат очигледни. Дури и тогаш, многумина имаат тенденција да ги припишуваат симптомите на други болести. Сепак, еве кога треба итно да одите на лекар бидејќи вашата хипертензија достигна ризично ниво:

  • ако забележите крв во очите
  • ако чувствувате вртоглавица
  • ако сте облеани во пот
    Во состојби на хипертензивна криза се јавуваат силни главоболки и крварење од носот. Примарната хипертензија најчесто е предизвикана од дебелина, алкохол, седење, солена храна.

Секундарната хипертензија се јавува многу брзо кај луѓе кои страдаат од бубрежни заболувања, вродени срцеви мани, некои ендокрини тумори, како и проблеми со тироидната жлезда.

Во двата случаи потребно е редовно мерење на притисокот и прилагодување на терапијата по совет на лекар.