Постојат 5 работи коишто се својствени за еден професионалец, а тоа се:
карактер
став
стручност
компетентност
однесување
Запишете што сè треба да направите – така ќе ја намалите веројатноста дека нешто или некого ќе заборавите.
Не чекајте до утре – ако може веднаш да го завршите, завршете го. Ако не можете, дефинирајте кога можете или делегирајте.
Стоjте на тоа што сте го договориле – немојте да ги менувате ставовите и работите што сте ги кажале за краток период. Ако ништо друго, дајте им време да дознаете дали тоа зад кое сте стоеле е правилно или не.
Дефинирајте ги работите – Инвестирајте време во планирање и во дефинирање на задачите, со тоа ќе имате помала веројатност да испаднете непрофесионален.
Бидете стручни во тоа што го работите – Инвестирајте време во дообразување или консултирајте се со луѓе коишто имаат познавање. Немојте да дозволите да бидете назад со времето.
Личност од доверба – Да може луѓето да ви се доверат, да имаат сигурност во вас.
Бидете чесни – Кажувајте ја вистината и она што навистина го мислите. Немојте да зборувате зад грб.
Имајте интегритет – Бидете препознатливи во своите принципи и ставови.
Почитувајте ги другите – Третман кон сите луѓе со подеднаква важност.
Бидете позитивни – Никој не сака песимисти. Да се има оптимистички став кон работите и да пробувате да наоѓате решенија на проблемите, прави голема разлика.
Слушајте внимателно – Луѓето сакаат да бидат слушнати, па дајте им можност соодветно да ја презентираат својата идеја.
Бидете фокусирани – Немојте да дозволувате лесно да се дефокусирате. Немојте да дозволите приватните проблеми да ви влијаат на работата и обратно.
Поддржувајте ги другите – Помогнете им кога е потребно. Најдете време да им покажете на вашите колеги или пријатели како правилно да ги завршат работите (ако знаете како).
Одржувајте добри релации – Со сите околу вас (пријатели, колеги, соработници, клиенти, итн.).


