Имено, истражувањата покажале дека бактериите од почвата, кои децата ги дишат кога си играат надвор, им го зајакнуваат имунитетот. Иако игралиштата се побезбедни, на децата треба да им се понуди одредена доза на контролиран ризик – велат експертите.
Се верува дека овие бактерии го зголемуваат нивото на серотонин, ја намалуваат анксиозноста, но и го стимулираат растот на одредени неврони во мозокот. Сепак, не треба се да се зема здраво за готово. Погрижете се децата добро да ги мијат рацете и да ги соблечат валканите алишта по натпреварот.
Децата кои поминуваат повеќе време во природа и имаат контакт со земјата побрзо учат и подобро се справуваат во подоцнежниот живот.


