ОВА МАСЛО Е СОВРШЕН ДОДАТКО ВО ИСХРАНАТА!

Здравствените придобивки од циметот се одамна познати, па не е чудно што маслото од овој зачин има бројни корисни ефекти врз нашето здравје.

Го зајакнува имунитетот Поради антиоксидансите, но и манганот, калциумот, влакната и железото, маслото од цимет го зајакнува имунолошкиот систем. Покрај тоа, има антибактериски, антивирусни и антигабични својства.

Го стабилизира шеќерот во крвта Истражувањата покажаа дека конзумирањето суплементи со цимет два пати на ден во тек на 90 дена го подобрува нивото на хемоглобинот A1C кај оние кои страдаат од дијабетес. Маслото од цимет ги има истите придобивки кога станува збор за стабилизирање на нивото на шеќер во крвта.

Ги намалува нападите на глад Само две капки масло од цимет измешани во топла вода ја намалуваат желбата за прејадување, особено навечер. Истото дејство го има и мирисот на маслото од цимет, доколку благо го вдишете пред оброк. Маслото од цимет го намалува апетитот и го спречува прекумерното внесување храна.

Побрзо зараснување на раните иако студиите покажаа дека маслото од цимет го забрзува зараснувањето на раните, исто така содржи состојки кои можат да предизвикаат иритација. Затоа, маслото не го нанесувајте директно на кожата, туку користете го како облога.

Подобро варење Пиењето топла вода со неколку капки масло од цимет го забрзува варењето и спречува запек.

Габични инфекции Поради состојките кои ги содржи, маслото од цимет ги намалува габичните инфекции на кожата и ноктите. Меѓутоа, кога станува збор за зараснување на раните, не го нанесувајте маслото директно на кожата.

Болест на непцата на непцата Маслото од цимет има антибактериско дејство кое спречува кариес и болести на непцата. Измешајте неколку капки масло со паста за заби или само нанесете масло на четката и масирајте ја во непцата и забите.