13 МАЛИ НЕШТА ЗА ПОВЕЌЕ СРЕЌА СЕКОЈ ДЕН

Што е среќа за вас? Нема човек кој не ја бара. Но, дали треба да се бара? Можеби е пред нас и не ја забележуваме. Живееме сложено, динамично, се стремиме да имаме се повеќе материјални придобивки, залажувајќи се дека тие не прават среќни. Можеби треба да размислиме дали среќата не е здравјето, слободата, мирот, пролетта со нејзините мириси, омилената шолја кафе или чај… Среќата не е комплицирана, не е скапа, но ја правиме невозможн даа се постигне затоа што се стремиме за работи кои не сме ни сигурни дека ни се потребни.

  1. Следниот пат кога ќе бидете нервозни, напнати, направете нешто многу едноставно. Наводнете ги цвеќињата, ставете ги рацете под млаз вода….
  2. Научете да ја филтрирате бучавата во вашиот живот. Или појасно кажано, внимавајте кому му давате публицитет и сцена во секојдневниот живот.
  3. Почнете да правите разумни избори за себе. Ако не ви се допаѓа дел од вашиот живот, време е да почнете да го менувате, не чекајте.
  4. Обидете се да посветите повеќе време на вашите омилени хобија, тие создаваат позитивни емоции, кои можеме да ги наречеме мирна среќа.
  5. Започнете да ги заменувате вашите грижи со позитивни постапки и мисли. Ако не се обидете да го направите тоа, негативното ќе ве обземе. Наместо тоа, обидете се да го елиминирате со среќа.
  6. Ако сакате да се оддалечите од нешто негативно, почнете да се приближувате до позитивното.
  7. Не се споредувајте со другите, туку гледајте се како личност која има свој пат и цели и која е способна да постигне успех и да биде среќна. Никогаш не се потценувајте, туку правете нешто мало секој ден за да бидете подобри како личност, да ги надградите вашите вештини.
  8. Уживајте во туѓите успеси. Ова ќе ве мотивира, а не обратно, што ќе ве натера да се потценувате. Едноставно успехот во животот е крива, имаме силни периоди, потоа оние во кои учиме нови работи за повторно да се издигнеме високо.
  9. Давајте без да очекувате. Тешко е, но тоа е уште еден мал чекор за лична среќа. Очекувањата се разочарувачки.
  10. Бидете љубезни дури и кон луѓето кои не го заслужуваат тоа. Ова е начинот на одржување на внатрешниот мир, кој е важен за чувството на среќа.
  11. Направете нешто мало за некого секој ден. Можеби не е поврзано со материјалното, со давање пари.
  12. Не заборавајте да им покажете на вашите сакани колку ви значат.
  13. Мерете го вашиот напредок секој ден, без разлика колку тоа ви изгледа малку. Секој чекор напред, секоја надградба носи мотивација, ве насмевнува и прославувајте, дури и прослава со убава шолја капучино би било прекрасно.