Што е среќа за вас? Нема човек кој не ја бара. Но, дали треба да се бара? Можеби е пред нас и не ја забележуваме. Живееме сложено, динамично, се стремиме да имаме се повеќе материјални придобивки, залажувајќи се дека тие не прават среќни. Можеби треба да размислиме дали среќата не е здравјето, слободата, мирот, пролетта со нејзините мириси, омилената шолја кафе или чај… Среќата не е комплицирана, не е скапа, но ја правиме невозможн даа се постигне затоа што се стремиме за работи кои не сме ни сигурни дека ни се потребни.
- Следниот пат кога ќе бидете нервозни, напнати, направете нешто многу едноставно. Наводнете ги цвеќињата, ставете ги рацете под млаз вода….
- Научете да ја филтрирате бучавата во вашиот живот. Или појасно кажано, внимавајте кому му давате публицитет и сцена во секојдневниот живот.
- Почнете да правите разумни избори за себе. Ако не ви се допаѓа дел од вашиот живот, време е да почнете да го менувате, не чекајте.
- Обидете се да посветите повеќе време на вашите омилени хобија, тие создаваат позитивни емоции, кои можеме да ги наречеме мирна среќа.
- Започнете да ги заменувате вашите грижи со позитивни постапки и мисли. Ако не се обидете да го направите тоа, негативното ќе ве обземе. Наместо тоа, обидете се да го елиминирате со среќа.
- Ако сакате да се оддалечите од нешто негативно, почнете да се приближувате до позитивното.
- Не се споредувајте со другите, туку гледајте се како личност која има свој пат и цели и која е способна да постигне успех и да биде среќна. Никогаш не се потценувајте, туку правете нешто мало секој ден за да бидете подобри како личност, да ги надградите вашите вештини.
- Уживајте во туѓите успеси. Ова ќе ве мотивира, а не обратно, што ќе ве натера да се потценувате. Едноставно успехот во животот е крива, имаме силни периоди, потоа оние во кои учиме нови работи за повторно да се издигнеме високо.
- Давајте без да очекувате. Тешко е, но тоа е уште еден мал чекор за лична среќа. Очекувањата се разочарувачки.
- Бидете љубезни дури и кон луѓето кои не го заслужуваат тоа. Ова е начинот на одржување на внатрешниот мир, кој е важен за чувството на среќа.
- Направете нешто мало за некого секој ден. Можеби не е поврзано со материјалното, со давање пари.
- Не заборавајте да им покажете на вашите сакани колку ви значат.
- Мерете го вашиот напредок секој ден, без разлика колку тоа ви изгледа малку. Секој чекор напред, секоја надградба носи мотивација, ве насмевнува и прославувајте, дури и прослава со убава шолја капучино би било прекрасно.


