- Одете редовно на преглед кај вашиот забар
Посетувајте го вашиот забар за редовни прегледи и чистења на забите. Тоа е најдобар начин да бидете сигурни дека одржувате добра орална хигиена. - Четкајте ги забите два пати во денот
Најважно е да ги четкате забите правилно (горе-долу со четката, а не лево-десно како што повеќето луѓе прават). - Користете забен конец еднаш дневно
Задолжително е да користите забен конец еднаш дневно. Со негова помош внимателно ќе ги отстраните остатоците од храна кои се наталожиле помеѓу непцата, а со четкичка за заби не можат да се отстранат. - Користете течност за плакнење на усната шуплина
Оваа течност во никој случај не смее да биде замена за пастата за заби. Важно: ако имате расипани заби не користете течност за плакнење, бидејќи така само ќе го „замачка“ проблемот со расипаните заби, а нема да го отстрани непријатниот здив. - Четкајте го јазикот
Најголем број бактерии се таложат на јазикот додека спиете. Четкајќи го, ќе ги отстраните. - Избегнувајте го тутунот
Тутунот е причина број еден за вашиот лош здив. Тој ја суши вашата уста и остава многу непријатен мирис. Затоа, избегнувајте ги цигарите и производите од тутун. - Не дозволувајте вашата уста да биде сува
Пијте многу вода и течности. Осум чаши на ден се доволни за човековиот организам. Под течност не се подразбираат тетрапак соковите, туку природните цедени сокови и чаевите.
НАЧИНИ КАКО ДА ГО НЕУТРАЛИЗИРАТЕ ЛОШИОТ ЗДИВ

