- Кога сте пијани
Најверојатно не постои личност која не испратила некоја „опасна“ порака во пијана состојба, но тоа е дефинитивно лоша идеја бидејќи наредното утро со сигурност ќе умирате од срам поради вашето непромислено однесување. - Гневна порака
Текстуалните пораки пратени во моментот кога сте лути некому, е исто толку лоша идеја колку и пијаните пораки. Имајте на ум дека пораките нема да исчезнат во воздухот како изговорениот збор. Можете да негирате дека нешто сте кажале, но никогаш не можете да се расправате со некого кажувајќи дека вие никогаш не сте ги напишале тие грди зборови, кога постои доказ за нив. - Порака за сериозно извинување
Ако навистина сте ја зафркнале работата, праќањето порака за да кажете некому „извини“, едноставно нема да го реши проблемот. Спуштете го телефонот на маса, фатете такси и појдете да се извинете лице в лице, бидејќи тоа е единствениот начин. - Порака до шефот дека сте болни
Никогаш, ама баш никогаш немојте да го правите ова, ако ви е важно да ја задржите вашата работа. Секогаш практикувајте да му се јавите на шефот за да бидете поуверливи дека навистина не ви е добро, а доколку сте премногу болни за да зборувате, замолете го вашиот партнер или некој пријател да го стори тоа место вас. - Порака во која барате некоја огромна услуга
Праќањето порака до пријател, во која пишува дека барате некоја огромна услуга, е исто како да признавате дека сте знаеле дека нема да го направи тоа што го барате, но секако сте си прашале. - Порака со која ставете крај на вашата врска
Раскинување на вашиот љубовен партнер преку порака, стана навистина клише, но немојте да го правите тоа. Раскинувањата се тешки, но многу е важно да не го одберете полесниот пат, со тоа што ќе напишете пораче со кое набрзина ќе завршите работа, бидејќи можете навистина да ги повредите чувствата на оној со кој до пред малку сте биле во врска. Без разлика дали партнерот ве сакал доволно или не, ве заслужувал или едноставно не бил ваш тип, вие ќе бидете подобра личност, со цврст карактер доколку кажете сè што имате да му кажете в лице.
ВО КОИ СИТУАЦИИ НЕ ТРЕБА ДА ПРАЌАТЕ ПОРАКИ?

