Во најубавиот пролетен месец љубовта ќе се почувствува во воздухот. Многу од хороскопските знаци ќе бидат крајно романтични, други дури ќе запознаат исклучителни личности од спротивниот пол. Еве кои хороскопски знаци ќе ги имаат заљубените среќници во април:
Стрелец
Претставниците на овој хороскопски знак ќе уживаат во целосна хармонија во љубовта. Оние кои се посветени ќе сфатат дека се подготвени за следниот посериозен чекор, а оние кои не се посветени ќе најдат личност која вреди. Бидете внимателни, тој можеби е љубовта на вашиот живот.
Девица
Месецот ќе биде повеќе од возбудлив на љубовниот хоризонт. Девиците чекаат нова средба со стар познаник, која ќе запали неочекувани искри и ќе доведе до повеќе од невино флертување.
Бик
Овој месец ќе биде доста емотивен, а Биковите ќе го паметат со пријатни љубовни емоции и изненадувања. Нивното внимание и љубов постојано ќе се покажува и ќе бидат на седмото небо на среќата.
Лав
Лавови, во април ве очекува пријатно изненадување. Можно е да се работи за романтично патување, нов заеднички дом, нов личен автомобил, подарок од вашиот партнер. Шансата дека изненадувањето ќе биде значајно е многу голема, но што и да добијат, треба да бидат многу благодарни на личноста до нив и да ја покажат својата почит кон него.


