ДОМАШНИ ЧОКОЛАДНИ ТОПЧИЊА

Потребни состојки:

130 грама обични бисквити
60 грама путер
100 грама чоколадо
1/2 чаша лешници
1/2 чаша суво грозје
1 лажица рум
1 пакетче ванила
1/2 чаша шеќер во прав

За глазурата

100 грама чоколадо
1 лажица путер



Подготовка:

Во блендер измелете ги бисквитите и чоколадото целосно, а сувото грозје исечете го на мали парчиња и прелијте го со румот да отстои 10 минути. Во сад измешајте ги мелените бисквити и чоколадото заедно со сите други состојки. Најдобро е мешавината да се меша рачно за да се добие хомогена смеса.
Со влажни раце обликувајте чоколадни топчиња со големината што ја сакате.
Доаѓа време кога треба да направите глазура за вашите чоколади топчиња. Топчињата на фотографиите имаат глазура од чоколадо. ж

Растопете го чоколадото на пареа заедно со путерот и натопете го секое чоколадно топче во подготвената смеса, па наредете ги на ладно место да се исушат и зацврстат. Можете да ги превртите чоколадните топчиња во мелени сурови ореви, кокос, какао или во нешто друго што го сметате за посоодветно и повкусно.

На задравје!