КОИ СЕ НАЈДОБРИТЕ ПРОФЕСИИ ЗА СРАМЕЖЛИВИТЕ ЛУЃЕ?

Сите ние треба да уживаме во она што го работиме без ништо да не спречува. Не треба да се трудиме да се промениме, треба само да ја избереме соодветната професија за нас.

Доколку сте посрамежливи, ова се професиите кои се најприкладни за вас:

Програмер
Ако имате познавање од компјутери и програмски јазици, можеби ова е совршената работа за вас. Програмерите креираат софтверски програми работејќи во затворени канцеларии, најчесто сами. Секако дека мора да има комуникација и соработки со фирми и личности бидејќи комуникацијата во ниедна професија не може да биде сведена на нула, но сепак од овој аспект имаат повеќе олеснителни околности за разлика од други професии.

Сметководител
Ако сте срамежливи, но добри со бројки, зошто да не се насочите кон ваква кариера? Сметководителите подготвуваат финансиски извештаи и евиденции и се грижат за точноста и исправноста на финансиските документи. Се случува сметководителите да имаат директен контакт со клиенти, но нивната снаодливост во секојдневната комуникација не е пресуден фактор за тоа колку успешна кариера ќе имаат.

Помошник-адвокат
Само затоа што сте срамежливи не значи дека треба да се откажете од кариера како правник. Ако го сакате правото, можеби би било најдобро да бидете помошник-адвокат. Станува збор за асистенти на високо квалификувани адвокати кои изработуваат извештаи и спроведуваат правни истражувања.