НАПРАВЕТЕ ЛЕБ ОД ТИКВИЧКИ- СОВРШЕН КАКО ПРЕДЈАДЕЊЕ ИЛИ ЛЕСЕН ОБРОК

За време на сезоната на тиквички, треба да ги јадете што почесто бидејќи се богати со вода , нискокалорични, содржат витамин Ц и Б, калиум. Имаат и многу влакна, кои се важни за варењето и не одржуваат сити, го регулираат крвниот притисок и отчукувањата на срцето. Ви носиме рецепт за леб од тиквички кој можете да го послужите како предјадење или како лесен појадок или вечера .

Состојки:

– 2 тиквички

– 320 гр брашно (може и интегрално)

– 1/2 кесичка прашок за пециво

– сол, бибер и зачини по желба

– 120 мл масло

– 170 мл јогурт

– 2 јајца

– 150 гр сирење (може и зеленчук)

– сусам

Подготовка:

Тиквичките изрендајте ги на крупно ренде, па соединете ги со сите останати состојки. Добро измешајте за да се изедначи смесата. Истурете го во подмачкан калап, посипете со сусам и печете на 190 степени околу 35 минути, додека не порумени. Оставете да се излади, па извадете го од калапот и исечете ги на коцки.

На здравје!