ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 7 АВГУСТ

Овен

Работа: Повеќето Овнови денес треба да уживаат во слободното време и можеби да се посветат на некоја спортска активност.

Љубов: Љубовта треба да биде во преден план, па размислете да ја изненадите саканата личност со нешто убаво и уживајте во заедничките моменти.

Здравје: Одлично.

Бик

Работа: Вториот ден од викендот на Бикот му носи опуштање и уживање во друштво со пријателите. Организирајте дружење.

Љубов: Слична ситуација ве очекува и кога станува збор за уживање во убави емотивни моменти со саканата личност.

Здравје: Многу добро.

Близнаци

Работа: Добро би било овој ден да го искористите за максимална релаксација и одмор, бидејќи од почетокот на работната недела ве очекува зголемен обем на обврски.

Љубов: Уживајќи во неделниот мир и опуштена атмосфера, ништо не треба да ве вознемирува.

Здравје: Избегнувајте нагли физички движења.

Рак

Работа: Покрај вообичаените стандардни обврски низ куќата, треба да одвоите доволно време за одмор и релаксација. Можете да се дружите и со пријателите.

Љубов: Ќе имате можност да поминете многу квалитетно време со саканата личност. Уживајте.

Здравје: Можни стомачни проблеми.

Лав

Бизнис: За да ги надминете новите деловни пречки, ќе имате корист од разбирањето и добрата комуникација со докажан колега. Не двоумете се да побарате помош.

Љубов: Не сте сигурни дали сакате да промените нешто емотивно во моментов, а можеби тоа е за најдобро.

Здравје: Нема значајни предупредувања.

Девица

Работа: Девиците би можеле да размислуваат за кратко патување и дружење со пријателите. Денес би сакале да се опуштите од какви било обврски.

Љубов: Поволен момент е да ја изненадите саканата личност со убав знак на внимание.

Здравје: Одлично.

Вага

Работа: Добриот почеток на вториот ден од викендот ветува уште поуспешно завршување на се што сте имале на ум да направите денес, особено ако се занимавате со некоја креативна работа.

Љубов: Доколку имате намера да го тестирате вашиот шарм во одредена освојувачка акција, еве ви шанса да заблескате.

Здравје: Многу добро.

Скорпија

Работа: На повеќето Скорпии им претстои релативно мирен втор ден од викендот, за да уживаат во одмор и да ги наполнат батериите за следниот работен циклус.

Љубов: Во текот на овој ден ве очекува повеќе или помалку мирно море од љубов, што не значи дека вашата инволвираност не може барем малку да се бранува.

Здравје: Внимавајте на исхраната.

Стрелец

Работа: Пред вас е одличен ден доколку сте планирале да го поминете во дружење со пријателите и да одите на екскурзија.

Љубов: Не е исклучено ново фино познанство, кое би можело да има алтернатива во блиската љубовна иднина. Уживајте.

Здравје: Одлично.

Јарец

Работа: Обидете се подобро да го организирате овој ден и што е најважно, посветете доволно време на толку потребниот одмор.

Љубов: Важно е да најдете рамнотежа помеѓу деловните и љубовните активности, за другата страна да не се чувствува запоставено.

Здравје: Многу добро.

Водолија

Бизнис: Некои од вашите интересни идеи би можеле да бидат одобрени од носителите на одлуки. Добар период е за надворешни работи.

Љубов: Имате иницијатива доколку сакате да ги преземете работите во свои раце и да промените нешто во вашето секојдневно функционирање и на тој начин да ја скршите рутата во која можеби сте западнале. Патувајте некаде заедно.

Здравје: Многу добро.

Риба

Работа: Внимавајте со кого ги споделувате вашите планови, не се сите пријателски расположени.

Љубов: Со разговор со саканата личност би можеле да решите некои ситни несогласувања од претходниот период.

Здравје: Можни метеоропатски реакции.