РЕЦЕПТ КОЈ КОМБИНИРА ВКУСНО И ЗДРАВО!

Состојки:

  • 1 чаша овесна каша
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 чаша млеко
  • 100 гр јогурт
  • Засладувач по желба ( 1 лажица сируп од кокос, мед)
  • 1 лажица џем од боровинки и малку свежи боровинки

Подготовка:

Сомелете ја овесната каша во блендер, а потоа додадете го прашокот за пециво и другите состојки, јогуртот, млекото и засладувачот. Половина од смесата истурете ја во подмачкан сад, а потоа ставете една лажица
џем и малку свежи боровинки и покријте ја со остатокот од смесата. Оваа количина смеса е доволна за две порции.

Се пече во рерна загреана на 180 °C 15 минути 

На здравје!