Состојки:
1 шолја свежа куркума, исчистена и исечкана
½ шолја свеж ѓумбир, излупен и исечкан
4 чаши вода
½ чаша мед
¼ чаша свежо исцеден сок од 2-3 лимети
Подготовка:
Додадете куркума, ѓумбир и вода во блендер. Мешајте додека состојките не се изедначат. Истурете ја смесата во тенџере и варете на средна топлина. Кога ќе зоврие, намалете ја топлината за пијалокот да се крчка нежно околу 15 минути. Тргнете го тенџерето од оган, а потоа напитокот зачинете го со мед и сок од лимета. Промешајте и процедете низ сито. Истурете во тегла и чувајте го во фрижидер. Напитокот можете да го пиете топол, на собна температура или разладен со коцки мраз.