ПИЛЕШКО МЕСО СО МЕД И ПАРМЕЗАН

Состојки:

  • 2 парчиња пилешки гради
  • 1 супена лажица мед
  • половина кафена лажица мелен црн пипер
  • 1 супена лажица сок од лимета
  • половина кафена лажица мелен црвен пипер
  • 1 кафена лажица мајчина душица
  • 60 гр. пармезан
  • 1 јајце
  • 60 гр. чедар
  • 5 супени лажици лебни трошки
  • 130 гр. брашно
  • 5 супени лажици зејтин
  • сол по вкус


Подготовка:
Пригответе го пилешкото филе. Изрендајте ги и двата вида на сирење. Добро измешајте ги медот, сокот од лимета, пармезанот, мајчината душица и мелениот црвен пипер. Покријте го месото со добиената смеса. Потоа измешајте го брашното и мелениот црн пипер. Изматете го јајцето. Добро измешајте го чедарот со лебните трошки. Потопете го пилешкото месо во смесата со брашното, јајцето и сирењето. Оставете го да отстои 30 минути во ладилникот. На крај, по половина час, испржете го пилешкото месо на вообичаениот начин, додека истото да добие златно-кафеава боја и од двете страни.

На здравје!